Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази критики кон туристите од Албанија, Косово и Македонија, нарекувајќи ги „најголеми загадувачи“ на плажите, иако се претставуваат како најпатриотски.
Рама истакна дека не туристите кои зборуваат англиски, шпански или италијански, туку оние кои зборуваат албански – „кои сакаат да одат во војна“ на стадионите – се всушност најголеми загадувачи на плажите.
Премиерот додаде дека планира и забрана на музиката „талава“ во плажните барови, како дел од мерките за подобрување на животната средина и туристичката култура.
Оваа изјава предизвика бурни реакции и дебати во регионот, со оглед на тоа што многумина ја сметаат за директна критика кон нашата соседна земја и нејзините граѓани.