Бугарскиот премиер Росен Жељазков изјави дека единствениот пат за Северна Македонија кон ЕУ е целосно спроведување на договорите од Европскиот консензус од 2022 година, без можност за ревизија. Ова го рече на заеднички брифинг со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, пренесе агенцијата БГНЕС.
Жељазков потенцираше дека позицијата на Бугарија останува непроменета, и отфрли било какви тврдења за „бугарски диктат“, потсетувајќи дека компромисниот француски предлог бил одобрен од бугарскиот парламент и е дел од важечкиот договор.
👉 Тој исто така смета дека е „неоправдано и непотребно“ што во Македонија се оспорува протоколот за добрососедство пред Уставниот суд, бидејќи тој е составен дел од консензусот за европски интеграции.
Бугарскиот премиер нагласи и дека очекува Македонија:
- да престане со јазикот на омраза,
- да ги почитува правата на бугарското малцинство,
- и да ги исполни обврските, вклучително и вклучувањето на Бугарите во Уставот.
💬 Жељазков повтори дека ЕУ мора да одлучува со консензус, а не со квалификувано мнозинство, особено во прашањата за проширување и надворешна политика.
Од своја страна, Антонио Кошта изјави дека Македонија мора да ги исполни преземените обврски, ако сака да напредува на патот кон членство во ЕУ.