ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ бесен: „Европската зелена партија е најлошиот олош – ќе одговара пред законот на Србија“

Вучиќ бесен: „Европската зелена партија е најлошиот олош – ќе одговара пред законот на Србија“

Српскиот претседател Александар Вучиќ остро ја критикуваше Европската зелена партија, обвинувајќи ја за насилствата што се случија на протестите во Нови Сад.

„Одете, уништете ги вашите земји, но не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте само олош, полоши сте од тоа. Дали се плашиме? Ни најмалку. Европската зелена партија, најлошиот олош што дојде во Нови Сад за да поддржи насилство, ќе бидат гонети според законите на Србија“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека на митинзите низ цела Србија излегле помалку од 10.000 луѓе, а најмногу во Нови Сад – 7.020 учесници. Во други градови присуствувале 2.360 луѓе. Вучиќ посочи дека насекаде протестите биле мирни, освен во Нови Сад, каде полицијата дозволила 12 минути тепање со пиротехника, стапови и камења пред да интервенира.

Претседателот оцени дека ситуацијата во Нови Сад ескалирала поради присуството на европратеници, кои, според него, се обиделе да ја нарушат стабилноста на Србија. Некои демонстранти со фантомки и шлемови се обиделе да окупираат простории на Филозофскиот факултет, но не успеале.

Вучиќ нагласи дека српската полиција постапила професионално, и покрај тоа што 11 припадници на МВР биле повредени за време на инцидентите.

Escape