Во тек е нов напад на Иран врз Израел, јавуваат израелските медиуми. Нападот се одвива во неколку бранови, а сирените за воздушна опасност се огласиле низ целата земја – од северот до југот.
Граѓаните се повикани веднаш да побараат засолниште. Засега нема официјални информации за жртви или поголема материјална штета.
Надлежните служби остануваат во состојба на висока подготвеност, додека трае нападот. Ова е нова ескалација во тековниот конфликт, кој последните денови се карактеризира со интензивна размена на ракетни и воздушни удари.
Повеќе информации се очекуваат наскоро.


















