ПРВ.мк
Црна Хроника

СКОПЈЕ ПОД ЛУПА: Пронајдена дрога во спортски центар - дали спортот бил само маска?

СКОПЈЕ ПОД ЛУПА: Пронајдена дрога во спортски центар - дали спортот бил само маска?
Kristal

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ж.К. (40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, на 24 октомври 2025 година, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. При контролата, биле пронајдени и одземени кокаин и таблети метилен-диоксиметафетамин.

По целосно документирање на случајот, против Ж.К. е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а полицијата продолжува со активности за расчистување и спречување на слични кривични дела.

Министерството апелира до граѓаните да пријавуваат сомнителни активности поврзани со дроги и да придонесат кон заштита на јавната безбедност.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo