Повеќе од 150 македонски државјани досега се пријавиле кај амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, барајќи информации за можности за евакуација.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ) ги информира дека се одржува постојан контакт со сите пријавени и дека, доколку се одлучат за евакуација, ќе бидат преземени сите подготовки за нивно безбедно враќање.
Поради ситуацијата, во МНРНТ функционира кризен штаб на 24-часовно располагање за сите информации и помош на граѓаните.
За асистенција, граѓаните можат да контактираат:
- СОС дежурен телефон (МНРНТ): 075/273-732
- Амбасада во Доха: +974 50 173 111
- Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532
- Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Министерството повторно апелира до сите македонски државјани во регионот да ги следат упатствата на локалните безбедносни органи.


















