ПРВ.мк
Црна Хроника

МВР реагираше на време - спасен малолетник по загрижувачка објава на интернет!

МВР реагираше на време - спасен малолетник по загрижувачка објава на интернет!
Kristal

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија информира дека во изминатото деноноќие успешно спречиле обид за самоубиство на малолетник, откако била детектирана загрижувачка објава на социјална мрежа.

Веднаш по добиените сознанија, полицијата постапила итно и координирано, утврдувајќи ја идентитетот и локацијата на лицето. Малолетникот бил пронајден за кратко време, извршен бил разговор и било констатирано дека е безбеден и во добра состојба. Родителите биле известени и запознаени со состојбата и понатамошните чекори.

Министерството нагласува дека случајот повторно ја покажува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите се повикуваат да одржуваат редовна и отворена комуникација со децата, да покажуваат интерес за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат при забележување повлеченост, вознемиреност или загрижувачки содржини.

Секторот за компјутерски криминал упатува апел и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување или безнадежност, веднаш да ги пријават преку платформата, а ако е познат идентитетот на лицето, да известат родител, наставник или најблиската полициска станица.

„Навремената реакција може да спаси човечки живот“, нагласуваат од МВР, додавајќи дека остануваат посветени на заштита на граѓаните во дигиталниот простор и на превенција на ризични појави.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo