ПРВ.мк
Топ Вести

СПАС ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ: Саудиска Арабија пресретна ракети - еве за каде беа насочени!

СПАС ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ: Саудиска Арабија пресретна ракети - еве за каде беа насочени!
Kristal

Саудиска Арабија соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана успешно пресретнала ирански ракети насочени кон Меѓународен аеродром Крал Халид во Ријад и кон Воздухопловна база Принц Султан, каде што е стациониран и американски воен персонал.

Според неименуван извор запознаен со случајот, ракетите биле пресретнати во текот на попладневните часови, без да биде нарушена воздушната навигација и без човечки или материјални загуби. Очевидци во близина на аеродромот изјавиле дека ја виделе и слушнале активирањето на воздушната одбрана при пресретнувањето на проектилите.

Во меѓувреме, и други цели во регионот биле погодени од ирански напади. Аеродромите во Дубаи, Абу Даби, Кувајт и Манама биле наведени како потенцијални мети. Властите во главниот град на Обединетите Арапски Емирати пријавиле еден смртен случај во рамки на инцидент поврзан со нападите.

Саудиска Арабија е домаќин на американски воени сили, иако најголемите американски бази во регионот се лоцирани во Бахреин и Катар.

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да ескалираат, додека регионалните и глобалните сили внимателно ја следат ситуацијата по најновите напади и закани.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo