ПРВ.мк
Топ Вести

РАСПИШАН ТЕНДЕР: Скопје ќе добие 150 нови електрични автобуси - ова е крајниот рок!

РАСПИШАН ТЕНДЕР: Скопје ќе добие 150 нови електрични автобуси - ова е крајниот рок!
Kristal

Министерството за транспорт денеска објави јавен повик за набавка на 150 електрични автобуси и 75 полнилници, со цел модернизација на јавниот превоз и намалување на аерозагадувањето во државата.

Според планот, 100 автобуси ќе бидат наменети за Град Скопје, додека преостанатите 50 ќе бидат распределени во други општини. Испораката ќе се реализира по фази: првите 30 автобуси во рок од шест месеци, следните 60 во рок од 12 месеци, а последните 60 автобуси во рок од 18 месеци.

Рокот за доставување на понудите е 30 март 2026 година.

Од Министерството нагласуваат дека инвестицијата е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе ја зголеми економичноста на транспортната мрежа и ќе придонесе за подобрување на условите за користење на јавниот превоз. Новите електрични автобуси, покрај еколошките придобивки, се очекува на долг рок да овозможат и пониски трошоци за одржување и енергија.

Јавниот повик е достапен на електронскиот сервис на Бирото за јавни набавки и може да се види на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo