ПРВ.мк
Топ Вести

ЈАНЕВСКА СО ЈАСНА ПОРАКА: Во државата има еден службен јазик, преведувачи не се потребни!

ЈАНЕВСКА СО ЈАСНА ПОРАКА: Во државата има еден службен јазик, преведувачи не се потребни!
Kristal

Во пресрет на јавната дебата во Тетово за Предлог-законот за високо образование, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на прашањето за употребата на јазиците во земјата.

На новинарско прашање дали ќе ангажира преведувач на албански при следната посета на Тетово, Јаневска нагласи дека во државата постои еден службен јазик и дека нема потреба од превод.

„Во Македонија имаме еден службен јазик, а другите јазици ги користат заедниците. Се наоѓам во Тетово, каде се зборува албански, но не сметам дека ми треба преведувач. Секој треба да го знае македонскиот јазик. Јас малку разбирам албански, но за да не направам грешка, замолувам да ми се преведе кога е потребно. Ако сакаме да живееме заедно во нашата земја, мораме да се почитуваме и да ги почитуваме различностите. По можност, треба да си ги знаеме јазиците, а ако не можеме, треба да се помагаме едни со други“, изјави министерката.

По нејзината изјава, еден од новинарите ѝ порача дека при наредната посета сепак би било добро да има преведувач.

„Следниот пат кога ќе дојдете во Тетово, треба да си земете преведувач“, рече новинарот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo