ПРВ.мк
Топ Вести

НОВА ВОЕНА ОДЛУКА - Оваа држава ќе испраќа војници на Блискиот исток - ова е бројката што е потребна!

НОВА ВОЕНА ОДЛУКА - Оваа држава ќе испраќа војници на Блискиот исток - ова е бројката што е потребна!
Kristal

Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција ќе ги засили своите воени сили на Блискиот Исток, поради растечките конфликти кои го загрозуваат клучниот поморски и безбедносен сообраќај. Целта на одлуката е да се обезбеди заштита на сојузниците и да се спречи дополнителна ескалација на тензиите во регионот.

Според најавите, Франција ќе распореди:

  • Осум воени бродови како дел од ударната група на носачот на авиони „Шарл де Гол“
  • Два носачи на хеликоптери во источниот Медитеран

Овие сили ќе се користат за одбранбени операции, вклучително пресретнување на дронови и ракети, како и заштита на поморскиот сообраќај.

Макрон ја соопшти одлуката за време на посетата на Кипар, каде што се сретна со кипарскиот претседател Никос Христодулидис и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, истакнувајќи дека безбедноста на Кипар и стабилноста во источниот Медитеран директно ја засегаат Европа: „Кога Кипар е нападнат, тогаш е нападната и Европа.“

Покрај тоа, Франција разгледува можност за поморска мисија за придружба на трговски бродови во Ормускиот теснец, кој е една од најважните светски рути за транспорт на нафта и енергенси, со цел да се обезбеди слободна пловидба и да се спречат напади врз цивилниот бродски сообраќај.

Француските власти нагласуваат дека овие активности се исклучиво одбранбени и не подразбираат директно учество во воени операции, туку се насочени кон заштита на граѓаните, сојузниците и виталните економски коридори важни за глобалната економија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo