ПРВ.мк
Сцена

Беверли Хилс во шок: Жена пукаше кон домот на Ријана - еве који бил целта!

Беверли Хилс во шок: Жена пукаше кон домот на Ријана - еве који бил целта!
Kristal

Жена од Флорида е уапсена и обвинета за обид за убиство откако во неделата испукала повеќе куршуми кон куќата на пејачката Ријана во Беверли Хилс, објави полицијата во Лос Анџелес, пренесе Дејли мејл.

Осомничената е Ивана Ортиз, 35-годишна, на која ѝ е одредена кауција од 10,2 милиони долари. Во моментот на нападот, Ријана била во куќата што ја дели со партнерот A$AP Rocky.

Според полицијата, Ортиз од својот автомобил испукала најмалку десет куршуми кон адресата на пејачката од бела „Тесла“ и потоа побегнала. Во инцидентот немало повредени.

Полицијата го забележала возилото на паркинг во населбата Шерман Оукс, каде што Ортиз била уапсена.

Извор близок до Ријана и A$AP Rocky изјавил за Њујорк пост дека парот не знае многу за позадината на нападот. Потврдено е дека раперот не бил дома во моментот на пукањето.

Случајот го истражува одделот за грабежи и убиства, а мотивот засега не е познат.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo