Дел од градот Тетово, како и тетовските села Пирок и Жеровјане, утре ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.
- Во селото Пирок и околината, струја нема да има од 08:45 до 14:15 часот.
- Во делови од селото Жеровјане, прекинот ќе биде во истиот временски период, 08:45 – 14:15 часот.
- Во дел од населбата Вонвардарска во Тетово, струјата ќе биде исклучена од 09:00 до 10:45 часот.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности за да избегнат непријатности.


















