Во италијанскиот град Тарквинија се случи неверојатен пресврт – 78-годишен маж кого лекарите го прогласија за мртов по срцев удар, изненадно се разбудил половина час подоцна, додека чекал да биде пренесен со мртовечко возило.
Откако итните служби констатирале дека нема надеж, хеликоптерската амбуланта се повлекла. Но, на изненадување на присутните, мажот ги отворил очите и прашал каде се неговите ќерки.
Веднаш бил префрлен во болница, каде што лекарите сега се борат за неговиот живот. Случајот предизвика голем интерес во јавноста и отвори сериозни прашања околу утврдувањето на смрт.
Ask ChatGPT