Во германскиот град Бомте се случи сериозна сообраќајна несреќа кога автомобил излета од патот и заврши на покривот од шталата, при што шест лица се повредени. Според полицијата, возилото вчера околу 20 часот излетало од патот во населбата Оснабрик, удрило во паркиран автомобил, пробило жива ограда и влегло во градината на соседна куќа, која се наоѓала околу 1,5 метри пониско.
Возилото удрило и во трамполина каде се наоѓало дете, кое е едно од четирите повредени деца во инцидентот. Полицијата објасни дека автомобилот веројатно бил фрлен во воздух од нерамниот терен и завршил на покривот на штала висока околу три метри.
Соседите сведочат за силниот тресок и шокот од несреќата, а мајката на седумгодишното дете беше во паника и врескаше по настанот. Итната помош веднаш беше повикана на лице место.