ПРВ.мк
Свет

Алиев го предизвикува Путин: Ќе ја тужиме Русија и ќе ѝ ја земеме нафтата од Европа

Алиев го предизвикува Путин: Ќе ја тужиме Русија и ќе ѝ ја земеме нафтата од Европа
Escape

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев објави дека земјата ќе поднесе тужба против Русија поради соборениот патнички авион од декември 2024 година, при што загинаа 38 луѓе. Според Алиев, Москва седум месеци молчи и не дава објаснување, а доказите за вината ѝ се „неоспорни“.

На форумот во Шуша, Алиев го поддржа Киев и ја спореди борбата на Украина со судбината на Азербејџан околу Нагорно-Карабах. Со порака: „Не трпете окупација, како што не трпевме ни ние“, Алиев јасно ја нападна руската политика.

Баку ја прекинува трпеливоста кон Кремљ, а ситуацијата дополнително се влошува бидејќи Азербејџан и Ерменија веќе преговараат без руско посредништво – и тоа во Абу Даби. Истовремено, влијанието на Турција, САД, Кина и ЕУ расте на Кавказ, додека Русија е длабоко вмешана во Украина.

Според ОПЕК, Азербејџан и Казахстан ќе станат главни енергетски добавувачи за Европа до 2050 година. Баку веќе извезува огромни количества гас и нафта, а ако добие контрола над Зангезурскиот коридор, ќе изгради нова инфраструктура преку Турција, целосно заобиколувајќи ја Москва и дури и Грузија.

Со ова, Алиев не само што ја оспорува доминацијата на Путин во регионот, туку и отвора нова геополитичка ера во која Азербејџан станува клучен играч за енергетската иднина на Европа.

Mia Home Mavrovo