Кинескиот премиер Ли Чанг објави почеток на изградбата на најголемата хидроелектрана на планетата, лоцирана на источниот крај од Тибетската висорамнина.
Проектот вреден 170 милијарди долари ќе вклучи пет каскадни електрани на реката Јарлунг Жангбо и ќе произведува 300 милијарди киловат-часови електрична енергија годишно – доволно да ги покрие потребите на целиот Тибет и остатокот од Кина.
Тоа е три пати повеќе од капацитетот на досега најголемата хидроцентрала во светот, „Трите клисури“, која забавила ротацијата на Земјата за 0,06 микросекунди.
Ли го нарече овој проект „градежен подвиг на векот“ и повика на внимателна заштита на природната средина. Но, еколошките организации предупредуваат на сериозни последици – можно уништување на Тибетската висорамнина и загрозување на животот на милиони луѓе во Индија и Бангладеш кои зависат од реката.
Ask ChatGPT