ПРВ.мк
Македонија

Ново апсење на Табановце

Ново апсење на Табановце
Escape

Фатен со дрога на Табановце – Романец уапсен со сомнителни супстанци во багажот

На граничниот премин Табановце, во обид да влезе во Македонија, вчера бил уапсен 40-годишен државјанин на Романија откако во неговиот личен багаж биле пронајдени неколку видови на сомнителни материи.

Полициските служби извршиле дополнителна контрола на возило со романски ознаки марка „Опел Мерива“, управувано од 32-годишен Романец. Во багажот на сопатникот била откриена најлонска паковка со прашкаста бела материја, зипер кеса со грутчеста материја, кеса со растителна маса и една рачно изработена цигара со непозната содржина.

По насока на јавен обвинител, лицето е уапсено по член 215 од Кривичниот законик, а предметите се одземени со потврда. Тој е предаден на СВР Куманово за понатамошна истрага.

Mia Home Mavrovo