ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Успешно завршена спасувачка акција за извлекување на повреден планинар од Пелистер

(ФОТО) Успешно завршена спасувачка акција за извлекување на повреден планинар од Пелистер
Escape

Денеска успешно заврши акцијата на Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за внатрешни работи за извлекување на планинар со скршеница на ногата од непристапен терен на планината Пелистер.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку својата објава на Фејсбук информираше дека во акцијата учествувале тројца припадници од Одделот за воздухопловни единици и четворица од специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Екипата на Дирекцијата за заштита и спасување претпладне го имобилизираше повредениот, подготви и го пренесе до отворена локација, која беше оддалечена неколку часа пеш од последната точка до која можеше да се пристигне со возило.

Фотографиите и видеата од акцијата покажуваат како планинарот е пренесен на носилки до хеликоптерот на МВР, кој го транспортира до здравствена установа за понатамошна медицинска грижа.

Mia Home Mavrovo