ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Повторно проблеми со Боинг: Делта ерлајнс се врати по пожар во моторот при полетување во Лос Анџелес

(ВИДЕО) Повторно проблеми со Боинг: Делта ерлајнс се врати по пожар во моторот при полетување во Лос Анџелес
Escape

Авион „Боинг 767-400“ на „Делта ерлајнс“ беше принуден да се врати на аеродромот во Лос Анџелес откако при полетувањето од левиот мотор се појави пожар. На видео снимка објавена на интернет се гледа како од моторот излегува оган додека авионот се искачува.

Авион со дестинација Атланта направи круг и безбедно се врати на пистата, а портпаролот на авиокомпанијата потврди дека по добиена индикација за проблем со моторот летот 446 беше прекинат.

Инцидентот е нов удар за Боинг, кој минатата година се соочи со сериозни проблеми по неколку трагедии и дефекти на неговите авиони, вклучувајќи и пад на моделот 787 во Индија и проблеми со врати на Боинг 737.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo