ПРВ.мк
Свет

15-годишен гениј и инфлуенсер прогласен за светец – Ватикан во неверување

15-годишен гениј и инфлуенсер прогласен за светец – Ватикан во неверување

Папата Лав XIV го прогласи за светец младиот Италијанец Карло Акутис, кој почина во 2006 година на само 15 години, а веќе влезе во историјата како првиот „миленијалец“ светец на Католичката црква. Мисата се одржа на преполниот плоштад „Свети Петар“, каде што илјадници верници, меѓу кои голем број млади луѓе, дојдоа да го слават неговото канонизирање.

Акутис, роден во Лондон во 1991 година, уште како дете покажал страст за технологијата и програмирањето. Тој создавал веб-страници за ширење на католичките учења и стекнал прекар „Божји инфлуенсер“. Неговата посветеност на верата и дисциплината – иако сакал видеоигри, дозволувал себеси само еден час неделно – го направиле симбол на новата генерација католици.

Карло почина во октомври 2006 година од акутна леукемија, а неговото тело се наоѓа во Асизи, каде што милион верници од целиот свет доаѓаа да му оддадат почит. Неговото срце е чувано во златен ковчег во катедралата Сан Руфино, додека делови од неговото ткиво патуваа низ светот во подготовка за канонизацијата.

Папата Лав XIV истакна дека Карло и неговиот современик, Пјер Џорџо Фрасати, чиј живот исто така беше прогласен за свето дело, создадоа „ремек-дела“ посветувајќи го својот живот на Бога. „Најголемиот ризик е да го потрошиме животот надвор од Божјиот план. Овие нови светци се повик, особено до младите, да го насочат животот нагоре и да создадат ремек-дело“, порача тој.

Мајката на Акутис, Антонија Салзано, често сведочела пред верниците за животот на својот син, носејќи со себе прамени од неговата коса како спомен. Таа нагласува дека иако семејството не било многу религиозно, Карло уште од рана возраст ја живеел верата секојдневно, присуствувајќи на миса и молејќи се со бројаница. Освен тоа, бил познат по својата добрина кон сиромашните, носејќи им храна и ќебиња.

Со брзината на неговата канонизација, Ватикан јасно покажува дека сака да ја доближи верата до новите генерации преку примери како Карло – млад, современ и истовремено длабоко посветен на духовниот живот.

Escape