ПРВ.мк
Свет

ИЗРАЕЛ ПОДГОТВУВА УДАР ШТО ЌЕ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ: Генералот Замир потпиша планови за напад врз Иран!

ИЗРАЕЛ ПОДГОТВУВА УДАР ШТО ЌЕ ГО ПРОМЕНИ СВЕТОТ: Генералот Замир потпиша планови за напад врз Иран!

Додека светските лидери преку посредници се обидуваат да извлечат рамковен договор за мир, израелската воена машина не мирува. Началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, денеска од самиот терен во јужен Либан потврди дека се одобрени нови, уште пожестоки борбени планови насочени директно против Либан и Иран.

Замир беше дециден: Израел нема намера да ја намали тензијата. „Продолжуваме со проценки на ситуацијата и одобрување на нови стратегии. Нашата цел е јасна – Иран и неговите сојузници не смеат да здивнат,“ изјави генералот, нагласувајќи дека во заедничка операција со САД, веќе е сериозно ослабен иранскиот режим и неговите одбранбени капацитети.

Според официјалните податоци кои ги соопшти Замир, само во изминатиот месец од ескалацијата на борбите во Либан, елиминирани се повеќе од 1.700 припадници на Хезболах. Ова се смета за огромен удар врз про-иранската милиција, но Израел смета дека работата не е завршена.

Најголемиот страв на Израел останува нуклеарниот напредок на Техеран. Замир предупреди дека на иранскиот режим не смее да му се дозволи да напредува во клучните области како што се нуклеарното вооружување и контролата врз Ормутскиот Теснец – стратешката точка која моментално е под американска блокада.

Оваа изјава доаѓа како „ладен туш“ за дипломатите во Техеран и Вашингтон, сугерирајќи дека војната е далеку од својот крај.