ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 4-годишно дете го убило своето 2-годишно братче! - Ова се деталите

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 4-годишно дете го убило своето 2-годишно братче! - Ова се деталите

Шокантна трагедија ја потресе американската сојузна држава Висконсин, откако игра помеѓу две мали братчиња заврши со смртен исход. Четиригодишно дете ненамерно го застрелало својот двегодишен брат додека се наоѓале во семејниот автомобил, оставен во дворот на куќата.

Според полицискиот извештај, инцидентот се случил на 10 април. Трите мали деца на семејството биле сместени во автомобилот, подготвени за заминување, кога родителите накратко се вратиле во домот за да земат нешто што заборавиле. Токму тие неколку моменти биле пресудни.

Канцеларијата на шерифот соопшти дека 4-годишното дете успеало да го зграпчи наполнетото огнено оружје кое се наоѓало во централната конзола на автомобилот. Пиштолот случајно пукнал, а куршумот го погодил малиот Кру Захрадник (2). Иако случаен минувач веднаш повикал полиција, лекарите само констатирале смрт на местото на настанот.

Идентитетот на малиот Кру беше потврден преку платформата GoFundMe, каде семејството собира средства за трошоците. Овој случај повторно ја отвори дебатата за чувањето на оружје во домовите и автомобилите, особено кога во близина има мали деца.

Полицијата сè уште ги истражува сите околности, а јавноста е згрозена од невнимателноста која доведе до згаснување на еден млад живот во рацете на сопствениот брат.