Светот е во состојба на висок аларм по последната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп. Во телефонски разговор за „Њујорк Пост“, Трамп мистериозно најави дека „нешто големо би можело да се случи во следните два дена“, сугерирајќи дека дипломатскиот пробив со Иран е на самиот праг.
Според информациите на светските медиуми како „Скај Њуз“ и „Волстрит Џурнал“, преговорите меѓу Вашингтон и Техеран најверојатно ќе продолжат следната недела во пакистанскиот главен град Исламабад. Ова доаѓа по интензивните разговори кои веќе се водеа меѓу американскиот потпретседател Џеј Д. Венс и претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф.
Критичниот датум е наближува. Сегашниот прекин на огнот, кој беше договорен на 8 април, овозможи краток здив за дипломатијата откако конфликтот ескалираше во февруари по крахот на нуклеарните преговори. Иако претходната средба не донесе траен мир, фактот што двете страни прифатиле нова рунда разговори во Исламабад дава надеж дека „рапидната ескалација“ може да биде запрена.
Додека Трамп ги загрева социјалните мрежи со своите најави, аналитичарите сметаат дека се подготвува тежок компромис. Иранскиот режим е под огромен притисок, а САД сакаат брзо решение пред ситуацијата во Персискиот Залив целосно да излезе од контрола. Дали Исламабад ќе биде местото каде конечно ќе се стави крај на воените дејствија или најавата на Трамп е само вовед во нова бура?










