ПРВ.мк
Свет

ТРИ ДРЖАВИ НА НОЗЕ: Фелдмаршалот Мунир во Техеран со порака од Вашингтон!

ТРИ ДРЖАВИ НА НОЗЕ: Фелдмаршалот Мунир во Техеран со порака од Вашингтон!

Светот со нетрпение го очекува исходот од денешните драматични преговори меѓу САД и Иран. Според извори на влијателниот портал Axios, преговарачките тимови постигнале значителен напредок и се на чекор до рамковен договор кој би можел официјално да ја заврши војната.

 Она што ја прави ситуацијата особено интересна е директната инволвираност на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп. Преку телефонски врски и доверливи канали, се разменуваат предлози кои би требало да ги „пеглаат“ разликите меѓу двете велесили. Во операцијата се вклучени и клучни посредници: Пакистан, Египет и Турција.

Дека ситуацијата е сериозна потврдува и пристигнувањето на пакистанската делегација во Техеран, предводена од началникот на армијата, фелдмаршалот Асим Мунир. Неговата улога се смета за клучна во приближувањето на ставовите пред критичниот датум – 21 април, кога истекува сегашното примирје.

Дали економскиот колапс го принуди Иран на соработка? Американските власти сметаат дека строгите санкции и блокирањето на извозот на нафта конечно го вродија со плод. Иако конечниот договор сè уште не е потпишан, подготвеноста на Иран за преговори е на највисоко ниво досега. Доколку се постигне согласност, постои голема можност примирјето да биде продолжено за да се финализираат сите детали од историскиот договор кој би го смирил Блискиот Исток.