ПРВ.мк
Свет

Игумен уапсен за обид за продажба на византиски реликвии вредни 200.000 евра

Игумен уапсен за обид за продажба на византиски реликвии вредни 200.000 евра

Игуменот на манастирот Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез и неговиот помошник се уапсени додека се обидувале да продадат десетина византиски икони и две старински евангелија за 200.000 евра, објавија грчките медиуми.

Според информациите, полицијата ја спровела акцијата кога игуменот се обидел да ги продаде реликвиите на полицаец што се претставил како купувач. Покрај нив, уапсени се уште четири лица вмешани во продажбата.

Двете евангелија потекнуваат од 1737 и 1761 година, а Министерството за култура на Грција ќе ги испита за да се утврди нивната религиозна и трговска вредност.

Манастирот Успение на Пресвета Богородица, познат како Мега Спилео (Голема пештера), се наоѓа во Калаврита, на северниот Пелопонез, изграден на отвор на голема пештера. Според традицијата, манастирот го основале браќата монаси Симеон и Теодор од Солун и е поврзан со чудесното наоѓање на иконата на Пресвета Богородица во 362 година.

Escape