ПРВ.мк
Свет

Голема НАТО вежба во Бугарија: Македонија учествува со спасувачки тим

Голема НАТО вежба во Бугарија: Македонија учествува со спасувачки тим

Во базата близу Монтана во Бугарија се одржува голема НАТО вежба, каде во пракса се тестираат способностите на спасувачките тимови за реагирање при поплави и земјотреси.

Вежбата ја следеа заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, и бугарскиот министер за внатрешни работи, а надлежните истакнаа дека ваквите активности со учество на 40 земји ја јакнат меѓусебната соработка и ја покажуваат солидарноста на дело.

Македонија е застапена со тим од 30 лица кои секојдневно учествуваат во спасувачки мисии. Ова е 20-та по ред НАТО вежба од ваков тип, а претходната се одржа во Охрид и Струга во 2021 година.


Видео:

Escape