Францускиот парламент изгласа недоверба на малцинската влада на премиерот Франсоа Бајру, отворајќи пат за петтиот премиер за помалку од две години и продлабочувајќи ја политичката криза во земјата. Гласањето заврши со 364 гласа за недоверба и 194 против.
Падот на владата беше очекуван откако пратеници од левицата и десницата најавија поддршка за смената на Бајру. Премиерот, назначен од Емануел Макрон во декември минатата година, рече дека последните девет месеци му донеле радост и им се заблагодари на сите свои министри за соработката. Тој најави дека утре ќе ја поднесе оставката.
Претседателот Макрон сега се соочува со избор меѓу распишување нови избори или именување нов премиер, додека Франција продолжува да се бори со политичка нестабилност по вонредните парламентарни избори минатото лето, кога најголема поддршка доби крајната левица.