ПРВ.мк
Свет

Франција бара арапскиот свет да застане против Хамас!

 Франција бара арапскиот свет да застане против Хамас!
Escape

Француската Влада очекува арапските земји јасно да го осудат палестинското исламистичко движење Хамас на дводневната меѓународна конференција што се одржува во Њујорк. Настанот е организиран во соработка со Саудиска Арабија и е посветен на решавање на израелско-палестинскиот конфликт.

Министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ноел Баро, во интервју за весникот „Трибјун“, истакна дека ваквата осуда, доколку се случи, ќе биде првпат од ваков тип и ќе доведе до целосна меѓународна изолација на Хамас.

Конференцијата има за цел да ги зајакне напорите за политичко решение базирано на концептот за две држави – независна палестинска држава покрај Израел. Баро додаде дека Франција, заедно со европските партнери, ќе го реафирмира ставот за поддршка на палестинската државност.

Тој потсети дека половина од државите во Европската Унија веќе ја признаа Палестина, додека останатите сериозно размислуваат за ваков чекор.

Хамас, кој ја презеде контролата врз Појасот Газа во 2007 година, повторно се најде во фокусот по нападите врз Израел на 7 октомври 2023 година, во кои беа убиени цивили. Како одговор, израелската армија започна воена операција со цел елиминација на движењето.

Mia Home Mavrovo