ПРВ.мк
Свет

Захарова: Русија никогаш немала планови за напад врз ЕУ и НАТО

Захарова: Русија никогаш немала планови за напад врз ЕУ и НАТО
Escape

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека Русија никогаш не планирала напад врз земјите од Европската Унија и НАТО. Таа ги нарече обвинувањата „пропагандна лага“ и „митологија“, коментирајќи го новиот стратешки извештај на Франција.

Захарова истакна дека Франција, под маската на „заштита од наводна руска агресија“, всушност се подготвува за вооружен конфликт со Русија, нагласувајќи дека во извештајот посебно внимание се посветува на француските нуклеарни сили, кои се сметаат за клучен фактор во европската безбедност.

Таа предупреди француските стратези да не заборават дека Русија располага со нуклеарен капацитет и дека нивната нуклеарна доктрина е надградена, советувајќи ги да ја „смират својата страст“.

Покрај тоа, Захарова оцени дека обвинувањата против Русија за кибер напади, вклучително и вмешаност во избори во некои европски земји, се уште една „политичка лага“ и дека нема докази за таквите тврдења.

„Ако имаше докази, тие веќе ќе ги покажаа и кажаа сè“, додаде таа на брифингот, критикувајќи ја западната пропаганда како неоснована и мотивирана политички.

Mia Home Mavrovo