Одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) да му ја додели титулата на Мароко предизвика бурни реакции во фудбалската јавност, откако тимот беше прогласен за шампион и покрај поразот во финалето против Сенегал.
Контроверзијата произлегува од случувањата во самиот финиш на натпреварот, кога на Мароко му беше досуден пенал во судиското продолжение. Сенегалските фудбалери во тој момент го напуштиле теренот, по што CAF подоцна одлучи да им додели службен пораз од 3:0. Иако натпреварот продолжил и завршил со победа од 1:0 за Сенегал, административната одлука ја смени конечната слика и трофејот заврши кај Мароко.
Поранешниот француски репрезентативец Самир Насри остро ја критикуваше одлуката, оценувајќи дека ваквиот потег сериозно го нарушува кредибилитетот на организацијата. Тој посочи дека реакцијата требало да дојде веднаш по натпреварот, а не со задоцнување од два месеци.
Дополнителна конфузија создава фактот што Сенегал веќе го прославил трофејот, што го прави случајот уште покомплициран и без преседан во модерниот фудбал.
Сенегалската федерација најави дека ќе поднесе жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана, со што овој спор веројатно ќе добие продолжение и на правен план. Во меѓувреме, одлуката на CAF останува една од најконтроверзните во историјата на африканскиот фудбал.

















