Додека Блискиот Исток гори под ударите на САД и Израел, во Москва се отвораат шампањски шишиња. Новата воена криза, која започна со шокантната ликвидација на ајатолахот Хамнеи, за Владимир Путин не е само трагедија – туку златна кокошка која може да ја спаси руската економија од западниот зафат.
Војната во Иран предизвика експлозија на цените на енергенсите. Со скок на нафтата од неверојатни 30%, руската државна каса се полни со брзина која ги занеме светските аналитичари. Дури и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без влакна на јазикот призна: „Мораме да извлечеме профит од ова, колку и да звучи цинично“. Парадоксално, дури и Вашингтон размислува за олеснување на санкциите за руските танкери за да се спречи тотален колапс на светскиот пазар.
Искористувајќи го хаосот, Путин веднаш се позиционираше како единствениот стабилен партнер за гигантите како Кина и Индија. Тој вешто им порача и на европските лидери дека клучот за нивното греење сè уште е во негови раце, нудејќи се како „спасител“ во време кога Блискиот Исток е во пламен.
Најголемата политичка победа на Москва е одвлекувањето на вниманието. Додека светот со страв гледа кон Техеран, притисокот врз Русија за војната во Украина слабее. Постои реален страв дека моќните системи „Патриот“, наменети за Киев, ќе завршат на Блискиот Исток. За Путин, секој истрелан куршум во Иран е еден чекор поблиску до победа на украинскиот фронт.
Дали Иран ќе биде жртвеното јагне кое ќе го спаси Кремљ? Картата на моќта се менува, а Москва игра на сè или ништо.

















