Вистинска драма се одвивала доцна синоќа во срцето на Струмица, кога полициските сирени го прекинале мирот околу католичката црква „Успение на Пресвета Богородица“. Она што полицијата го затекнала внатре не е само обичен криминал, туку чин кој ја згрози јавноста.
26-годишниот С.Х. од Струмица очигледно мислел дека ноќта е негов сојузник. Со употреба на сурова сила, тој провалил во светиот храм со една единствена цел – да ги испразни црковните каси. Но, планот му пропаднал во моментот кога полицијата упаднала во објектот и го затекла како ги пребројува украдените пари.
Најстрашниот дел од оваа полициска акција е фактот што крадецот не бил сам. Со него бил и неговиот малолетен син, кој бил сведок на целиот криминален чин. Додека таткото завршил зад решетки, на терен морале да излезат и социјалните служби. Детето веднаш било предадено на грижа кај неговата баба, додека за судбината на таткото допрва ќе се одлучува.
Струмичанецот е веднаш лишен од слобода и задржан во полициска станица. Јавниот обвинител е веќе известен, а против „верникот“ кој посегна по црковните пари ќе биде поднесена кривична пријава која тешко ќе ја избегне.
















