ПРВ.мк
Спорт

Данска ги откри картите за Македонија: Ример повика шест нови имиња, а нападот изгледа застрашувачки

Данска ги откри картите за Македонија: Ример повика шест нови имиња, а нападот изгледа застрашувачки
Kristal

Селекторот на Данска, Брајан Ример, го објави списокот за бараж-дуелот против Македонија, кој ќе се игра на 26 март во Копенхаген, а прв впечаток е дека домаќинот подготвува силен и сериозен состав за битката на „Паркен“. Победникот од овој натпревар ќе игра во финалето на плејофот за пласман на Светското првенство.

Данскиот тим носи и освежување, бидејќи на списокот има дури шест потенцијални дебитанти, што покажува дека Ример сака нова енергија во клучен момент. Сепак, јадрото останува исклучително моќно и искусно, со Кристијан Ериксен како лидер на средината и со добро познати имиња во сите линии на тимот.

Најголемата опасност за македонската одбрана повторно ќе биде Расмус Хојлунд, кој во моментов настапува за Наполи како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед. Со него во нападот, Данска испраќа јасна порака дека против Македонија ќе оди на полна сила.

Македонија така ќе се соочи со ривал кој меша искуство, квалитет и нова крв, а јасно е дека „рисовите“ ги чека тежок тест во Копенхаген.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo