ПРВ.мк
Спорт

Седлоски го објави првиот список за Македонија: Се враќаат Николов и Дориев, повик и за тројца дебитанти

Седлоски го објави првиот список за Македонија: Се враќаат Николов и Дориев, повик и за тројца дебитанти
Kristal

Фудбалската репрезентација на Македонија ги започнува подготовките за новиот бараж за пласман на Светското првенство, но и за почетокот на новата ера со Гоце Седлоски како селектор. Новиот стратег за првпат ќе го свика националниот тим и на десет дена пред натпреварот со Данска го објави списокот на повикани фудбалери.

Во изборот на Седлоски има неколку промени во однос на неговиот претходник Благоја Милевски. Во репрезентативниот дрес се враќаат Бобан Николов и Љупче Дориев, додека нови имиња на списокот се Имран Фетаи од Шкендија, Дани Мусовски од Сиетл Саундерс и колумбискиот бек со македонски пасош Себастијан Херера, кој настапува за Борац Бања Лука.

Список на повикани фудбалери на Македонија:

Голмани: Столе Димитриевски Дејан Илиев Дамјан Шишковски

Одбрана: Езѓан Алиоски Андреј Стојчевски Себастијан Херера Дарко Велковски Ѓоко Зајков Никола Серафимов Висар Муслиу Имран Фетаи Егзон Бејтулаи

Среден ред: Ељиф Елмас Енис Барди Бобан Николов Тихо Костадинов Решат Рамадани Исник Алими Љупче Дориев Лука Станковски Јани Атанасов

Напад: Бојан Миовски Дарко Чурлинов Милан Ристовски Александар Трајковски Елмин Растодер Лирим Ќамили Дени Мусовски

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo