ПРВ.мк
Спорт

Нова плејоф пресметка во Велес - Борец Баскет го пречекува Водно Санс

Нова плејоф пресметка во Велес - Борец Баскет го пречекува Водно Санс
Kristal

Кошаркарите на Борец овој викенд ги продолжуваат настапите во плејофот, со јасна цел – да ја продолжат серијата без пораз и да останат на победничката патека.

Во Спортскиот центар „Гемиџии“, во 17:00 часот, велешката публика ќе има можност да проследи нов возбудлив дуел против екипата на КК Водно Санс од Скопје.

Станува збор за млада и полетна екипа, составена од голем број талентирани кошаркари, меѓу кои има и младински репрезентативци, што најавува динамичен и квалитетен натпревар.

Борец влегува во овој натпревар со одлична форма и самодоверба по успешните настапи во плејоф фазата, но во клубот се свесни дека победа противникот од Скопје ќе биде чекор до полуфинале.

Поддршката од трибините секогаш е дополнителна енергија за велешките кошаркари, па од клубот упатуваат покана до сите љубители на кошарката и спортот во Велеc да дојдат во салата и да им дадат силна поддршка на своите миленици.

СЦ „Гемиџии“ – сабота, 17:00 часот. Борец ја продолжува битката за висок пласман.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo