ПРВ.мк
Спорт

Левков со шест гола го однесе Кеги Моби во полуфиналето на футсал Купот на Македонија

Левков со шест гола го однесе Кеги Моби во полуфиналето на футсал Купот на Македонија
Kristal

КМФ Кеги Моби се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија во футсал, откако во возбудлив натпревар славеше против КМФ Бутел со резултат 8:6.

Главна фигура на натпреварот беше Петар Левков, кој одигра фантастичен меч и постигна дури шест погодоци за својот тим. Левков погодуваше во 5, 6, 12, 21, 25 и 36 минута, со што беше незапирлив за одбраната на противникот.

Покрај него во листата на стрелци за Кеги Моби се запишаа и Александар Михајлов, кој погоди во 13. минута, како и Марио Панев со гол во 34. минута.

На спротивната страна, стрелци за КМФ Бутел беа Владимир Трендафиловиќ со два гола, Никола Илијоски, Никола Угриновски и Петар Лазаровски, додека еден погодок беше запишан како автогол.

Со оваа победа, екипата на КМФ Кеги Моби обезбеди место во полуфиналето од Купот на Македонија и продолжува во борбата за трофејот во ова натпреварување. Тимот од Велес уште еднаш покажа квалитет и ефикасност во нападот, предводен од расположениот Петар Левков кој беше играч на натпреварот!

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo