ПРВ.мк
Свет

Во база на НАТО во Турција се огласија сирени: ДОАЃА ДО ЕСКАЛАЦИЈА НА ВОЈНАТА!

Во база на НАТО во Турција се огласија сирени: ДОАЃА ДО ЕСКАЛАЦИЈА НА ВОЈНАТА!
Kristal

Драматична ноќ ја потресе Турција откако балистичка ракета лансирана од Иран влезе во турскиот воздушен простор. Воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО, распоредени во Источниот Медитеран, веднаш ја неутрализирале заканата.

Сирените во клучната воздухопловна база Инџирлик, во која се сместени и американски трупи и нуклеарно оружје, го разбудија градот Адана околу 3:25 часот во петокот. Граѓаните на социјалните мрежи објавија снимки од светлечки објект што брзо минува над базата, што укажува на насочен напад кон стратешкиот објект на НАТО.

Турското Министерство за одбрана нагласува дека се преземени сите потребни мерки за заштита на територијата и воздушниот простор. Во тек се консултации со надлежната држава за целосно разјаснување на околностите на инцидентот.

Овој настан доаѓа само четири дена по претходен сличен инцидент, кога НАТО повторно собори балистичка ракета насочена кон турскиот воздушен простор, исто така лансирана од Иран. Серијата закани ја зголемува тензијата во регионот и го потсетува светот колку чувствителна е ситуацијата околу воздухопловната база Инџирлик, стратешкиот објект на НАТО со значителен воен потенцијал.

Во моментов, ниту една ракета не ја достигнала базата, но инцидентот предизвика страв и загриженост кај локалното население, како и дополнителни предупредувања за можна ескалација на регионалниот конфликт.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo