ПРВ.мк
Македонија

Полицијата го запре „мерцедесот“ во Охрид и откри што се крие внатре: Две лица веднаш приведени

Полицијата го запре „мерцедесот“ во Охрид и откри што се крие внатре: Две лица веднаш приведени
Kristal

На булеварот „Железничка“ во Охрид, полицијата лишила од слобода две лица на возраст од 60 и 44 години, двајцата од Охрид, откако при претрес на патничко возило „Мерцедес“ била пронајдена и одземена опојна дрога марихуана.

Настанот се случил на 13 март 2026 година околу 15:30 часот, кога полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, постапувајќи по судска наредба, извршиле претрес во возилото со охридски регистарски ознаки. Автомобилот претходно бил управуван од едно од приведените лица.

При контролата, полицијата пронашла марихуана, по што двете лица биле приведени и задржани за понатамошна постапка. Од надлежните информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Случајот е во фаза на расчистување, а истрагата треба да покаже дали дрогата била наменета за лична употреба или за понатамошна дистрибуција.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo