ПРВ.мк
Црна Хроника

„Од пламен до надеж“ ги скрши присутните: Сведоштвата на преживеаните од Кочани никого не оставија рамнодушен (ВИДЕО)

„Од пламен до надеж“ ги скрши присутните: Сведоштвата на преживеаните од Кочани никого не оставија рамнодушен (ВИДЕО)
Kristal

Во Скопје денеска се одржува меѓународна конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по повод една година од несреќата што ја потресе целата држава. Посебен впечаток на настанот остави документарниот филм „Од пламен до надеж“, кој предизвика силни емоции кај присутните.

Филмот ги пренесува личните сведоштва на дел од повредените во пожарот, кои зборуваат за моментите на спасување, тешкиот период на лекување и поддршката што ја добиле за време на опоравувањето. Нивните приказни се исполнети со болка, но и со силна волја за живот, закрепнување и враќање во нормалното секојдневие.

Преживеаните посочуваат дека рехабилитацијата на Пониква им помогнала не само физички, туку и психички, особено во процесот на прифаќање на слученото и повторното вклучување во општеството. Патот до закрепнување, како што велат, бил тежок и долг, но благодарноста за втората шанса и желбата да продолжат напред остануваат посилни од сè.

Македонија денеска одбележува една година од трагедијата во која во пожарот во „Пулс“ загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Настанот остави длабока болка кај семејствата, пријателите и целата јавност, а годишнината се одбележува со комеморативни собири, изложби, трибини и оддавање почит на загинатите низ Кочани и во повеќе градови низ државата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo