ПРВ.мк
Македонија

Драматичен пресврт во времетo: Силна промена на времето се приближува кон Македонија - еве од кога!

Драматичен пресврт во времетo: Силна промена на времето се приближува кон Македонија - еве од кога!
Kristal

Територијата на Македонија викендов (14 и 15 март) ќе биде под влијание на висински циклонски систем, кој ќе донесе променливо време со локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи.

Утрото и претпладнето ќе бидат претежно стабилни и сончеви, но во попладневните часови се очекува зголемена облачност и развој на конвективни облаци, што на повеќе места ќе донесе локален дожд, повремени грмежи и засилување на ветерот.

На високите планини, над 1900 до 2000 метри надморска височина, ќе има услови за повремен снег.

Температури:

  • Утринските температури во повеќе делови од земјата ќе се спуштаат околу нулата или малку под нулата.
  • Дневните температури ќе се движат од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината исто така се очекува сончево утро, а попладне локален дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу 0 степени, додека дневната ќе достигне околу 18 степени. 🌦️

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo