Францускиот претседател Емануел Макрон денес испрати силна порака до меѓународната заедница – Франција нема да учествува во воени операции за обезбедување на Ормуската Теснина додека траат активните борби.
Во контекст на интензивни бомбардирања и глобални напнатости, Макрон јасно истакна дека Париз не е страна во овој конфликт и дека неговата земја нема да биде вклучена во мисии за присилно отворање или ослободување на теснината. Сепак, тој остави мала врата отворена за идни операции, кога ситуацијата ќе се стабилизира, особено за придружување на комерцијалните пловни објекти кои транзитираат низ стратегиски важната точка.
Оваа изјава доаѓа по шпекулациите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно сугерираше дека Франција е склона да помогне на Вашингтон во деблокирањето на теснината. Според Елисејската палата, Трамп добил „погрешни сигнали“ од Макрон, кои денес беа експресно демантирани со официјално соопштение.
Одлуката на Макрон предизвика лавина реакции и отвора нови прашања за улогата на Европа во геополитичкиот кризни центар на Блискиот Исток, додека светот внимателно го следи развојот на настаните околу стратешката морска рута.


















