ПРВ.мк
Спорт

ФФМ подкаст со Гоце Седлоски – капитенската чест, европските битки и љубовта кон македонскиот дрес

ФФМ подкаст со Гоце Седлоски – капитенската чест, европските битки и љубовта кон македонскиот дрес
Kristal

Во новата епизода од ФФМ подкастот гостува фудбалската легенда Гоце Седлоски, кој отворено зборува за својата богата кариера, македонската репрезентација и значењето на капитенската лента што ја носеше со гордост во 100 настапи за националниот тим.

Разговорот нуди интересен осврт на неговите настапи во големите клубови како Динамо Загреб и Хајдук Сплит, како и на домашната сцена со Шкупи и Вардар.

Седлоски се присетува и на големите европски дуели против фудбалските ѕвезди Двајт Јорк и Енди Кол, зборува за класата на Лука Модриќ и Јошко Гвардиол, но и за својата улога како селектор и тренер.

Посебен акцент е ставен на семејството како негова најголема поддршка низ сите успеси и предизвици.

Подкаст што носи емоција, искуство и вистинска фудбалска приказна вредна за секој љубител на спортот!

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo