Зимските олимписки игри влегуваат во самиот финиш, а денеска беше забележан драматичен момент на натпреварувањата во слободно скијање. Актуелниот светски шампион, Finley Melville Ives, доживеа тежок пад за време на квалификациската рунда.
Скијачот, кој пред стартот важеше за еден од главните фаворити за златниот медал, при еден од скоковите загуби контрола во воздух и силно удри во снегот, по што остана да лежи неподвижен.
Според информациите од местото на настанот, тој накратко останал без свест. Медицинските екипи реагирале веднаш – шестмина здравствени работници учествувале во интервенцијата.
По укажаната прва помош, спортистот бил внимателно имобилизиран и транспортиран во болница на дополнителни прегледи. Засега нема официјални информации за тежината на повредите, но падот предизвика голема загриженост меѓу присутните и љубителите на зимските спортови.

















