ПРВ.мк
Скопје

Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар!

Тело на 50-годишна жена извлечено од Вардар!
Kristal

Телото на 50-годишна жена од Скопје било извлечено од водите на реката Вардар во вторникот претпладне, откако претходно била пријавена како исчезната, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, на 11 март 2026 година околу 11:00 часот полициски службеници од СВР Скопје го извлекле телото од реката Вардар. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Подоцна било утврдено дека станува збор за 50-годишната А.Х.И. од Скопје. Во меѓувреме, член на нејзиното семејство пријавил дека жената утрото, по 8 часот, излегла од домот и не се вратила.

Од МВР информираат дека е извршен увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo