ПРВ.мк
Скопје

Амбасадорката на САД во посета на општина Бутел: Фокус на економски развој и инвестиции!

Амбасадорката на САД во посета на општина Бутел: Фокус на економски развој и инвестиции!
Kristal

Денес општина Бутел ја посети Н. Е. Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, придружувана од заменик-амбасадорот Дејвид Маерс.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката на локално ниво, со посебен акцент на економскиот развој и привлекувањето на инвестиции. Градоначалникот ги претстави приоритетите на локалната самоуправа, како и капиталните проекти кои се во тек и се долго очекувани од граѓаните.

Посетата беше оценета како значајна основа за продлабочување на односите и за реализација на заеднички проекти кои ќе бидат во интерес на локалната заедница.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo