ПРВ.мк
Балкан

Остра порака од Милановиќ: Европа ја спореди со „чопор мачки“ – изјавата предизвика реакции!

Остра порака од Милановиќ: Европа ја спореди со „чопор мачки“ – изјавата предизвика реакции!
Kristal

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно привлече внимание со серија остри изјави за европската политика и меѓународните односи. Тој говореше по отворањето на конференцијата „Money Motion 2026“ на Загрепскиот саем, каде коментираше повеќе актуелни теми поврзани со безбедноста, Европската Унија и Блискиот Исток.

Зборувајќи за состојбата во хрватската армија, Милановиќ посочи дека вооружените сили се релативно мали и дека земјата не успеала да привлече доволен број луѓе за да ги исполни стандардите поставени од НАТО. Според него, и покрај тоа, секое зголемување на капацитетите е позитивен чекор.

Особено критичен беше кон политиката на Европската Унија. Тој ја опиша Европа како „чопор домашни мачки“, алудирајќи дека секоја држава дејствува самостојно наместо да настапува како единствен блок. Како пример ја спомена ситуацијата кога германскиот канцелар Фридрих Мерц, според него, не реагирал додека Доналд Трамп ја критикувал Шпанија.

Милановиќ истакна и дека Хрватска, поради својот историски и политички контекст, не може целосно да води иста надворешна политика како земји од други делови на Европа, како Естонија или Португалија. Во таа насока ја критикуваше и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, оценувајќи дека за него таа нема вистински политички авторитет.

Во изјавата се осврна и на односите со Израел и Иран, коментирајќи ја поканата од израелскиот амбасадор за средба. Според него, мора јасно да се прави разлика меѓу терористички структури и држави со кои постојат дипломатски односи.

На крај, Милановиќ повторно го изнесе ставот дека хрватските војници треба да се повлечат од подрачјата на Блискиот Исток погодени од воени конфликти.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo