ПРВ.мк
Црна Хроника

СВЕТОТ ВО ПЛАМЕН: Иран ракетираше свети места во Ерусалим, за влакно избегната катастрофа кај Гробот на Исус!

СВЕТОТ ВО ПЛАМЕН: Иран ракетираше свети места во Ерусалим, за влакно избегната катастрофа кај Гробот на Исус!
Kristal

Блискиот Исток е на чекор до тотална војна откако иранскиот режим денес изврши директен ракетен напад врз срцето на Ерусалим. Најмоќните проектили паднаа на само неколку стотини метри од најсветите локации за трите најголеми светски религии, предизвикувајќи паника и хаос меѓу илјадниците верници кои се најдоа на лице место.

Израелските власти соопштија дека една од ракетите удрила во непосредна близина на Стариот град, загрозувајќи ги директно Црквата на Светиот Гроб, Западниот ѕид и комплексот Ал-Акса. Ситуацијата е критична бидејќи проектилите паднале во зона каде што секојдневно се молат илјадници луѓе, а само среќата спречила незапамтен масакр врз цивили и уништување на непроценливо светско културно наследство.

Поради директната закана од нови напади, молитвите на сите свети места се итно и привремено прекинати, а војската воведе максимален степен на заштита. „Животите на верниците се наш апсолутен приоритет“, соопштија од Министерството за надворешни работи, додека небото над Ерусалим и понатаму е под опсада од противвоздушната одбрана. Овој напад се смета за најопасна ескалација досега, бидејќи цели на места кои со векови се сметаат за недопирливи светилишта.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo