ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВ ХАОС НА ФАКУЛТЕТ: Се слушнало пукање, има и повредени!

КРВАВ ХАОС НА ФАКУЛТЕТ: Се слушнало пукање, има и повредени!
Kristal

Утринските предавања на Универзитетот „Олд Доминион“ во Норфолк се претворија во вистинска зона на војна. Студентите и професорите се соочија со најцрното сценарио кога вооружен поединец упадна во објектот „Констант Хол“ и започна да пука неконтролирано.

Брзата реакција на специјалните единици спречи уште поголема трагедија, но билансот е сепак тежок – две лица се итно хоспитализирани со прострелни рани. Најголемата мистерија во целата драма е смртта на напаѓачот. Иако властите потврдија дека тој повеќе не е жива закана, се уште се чуваат во тајност деталите за тоа како точно настрадал при интервенцијата.

Во моментов, кампусот во Вирџинија е под целосна блокада. Наставата е прекината, а американските безбедносни служби вршат детален претрес на секој агол од зградата. Студентите се евакуирани со видливи траги од траума, додека истражителите се обидуваат да го откријат мотивот зад овој суров чин кој го потресе образовниот систем во САД.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo