ПРВ.мк
Скопје

Подгответе се навреме: Делови од Скопје денеска со часови без струја – објавено кои улици ќе бидат погодени!

Подгответе се навреме: Делови од Скопје денеска со часови без струја – објавено кои улици ќе бидат погодени!

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, денеска повеќе скопски општини ќе останат привремено без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.

Најдолг прекин е предвиден во општина Илинден, каде жителите на улицата „Кадино Село“ ќе бидат без струја во периодот од 08:00 до 15:00 часот, што значи дека речиси цел ден ќе бидат без напојување.

Покрај тоа, прекини се најавени и во општините Чучер Сандево и Бутел. Таму, дел од корисниците на улиците „Призренска“ и „Кучевишка Бара“ ќе останат без електрична енергија од 08:30 до 13:30 часот.

И во општина Карпош ќе има прекин во снабдувањето со струја. Според најавите, дел од жителите на улицата „Џумајска“ ќе бидат без електрична енергија во периодот од 09:00 до 13:00 часот.

Од ЕВН посочуваат дека овие прекини се резултат на редовни технички зафати со цел одржување и подобрување на мрежата, а граѓаните се повикуваат навреме да ги планираат своите обврски додека траат исклучувањата.